Комората на вештаци потпиша Меморандум за соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС)
      
            Во насока на јакнење на професионалната соработка, развојот на експертизата и унапредување на знаењата во областа на економијата и финансиите, Комората на вештаци на Република Северна Македонија потпиша Меморандум за соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС).
Со овој Меморандум се воспоставува основа за:
- континуирана размена на податоци, информации и искуства во рамките на законските надлежности;
 - стручна соработка во областа на сметководството, вклучително и примена на МСФИ и МСФИ за мали и средни субјекти;
 - организирање и учество во заеднички обуки, едукативни настани и работилници;
 - вклучување во научно-апликативни проекти од заеднички интерес;
 - активно учество на експерти од ИСОС во одржување на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на вештаците од областа економија и финансии и на други настани од взаемен интерес
 
Oвој чекор претставува зацврстување на заедничката определба за соработка и зајакнување на квалитетот, стручноста и интегритетот во работата на економските и финансиските вештаци.