Комората на вештаци започнува со издавање на уверенијата за завршена обука за кандидат за вештак во траење од 60 часови.
Издавањето на уверенијата ќе се врши секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, започнувајќи од 26.11.2025 година.
Уверенијата може да се подигнат во просториите на Комората на следната адреса: Булевар Блаже Конески бр. 3, 1000 Скопје.
При подигање на уверението, задолжително е да се приложи:
- доказ за извршена уплата,
- документ за лична идентификација (лична карта).