Јавна опомена

By alfa4 , 26 February, 2026
Announcement
Комора вештаци

Врз основа на член 40 став (1) од Законот за вештачење („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 154/23) и на член 22 став (1) алинеја (3) во врска со член 21 став (1) од Правилникот за дисциплинска одговорност и постапка, донесен од страна Собранието на Комората на вештаци на Република Северна Македонија на седницата одржана на 25.09.2024 година, Дисциплинската комисија на Комората на вештаци на Република Северна Македонија, на својата седница одржана на 9.2.2026 година, донесе решение

со кое на вештото лице Полексена Николовска, вештак од областа на геодезијата, со лиценца бр. УП1 бр.08-1292/2024;07 август 2025, поради сторена дисциплинска повреда од член 42 ст (1) алинеја (3) од Законот за вештачење и се изрекува дисциплинска мерка

ЈАВНА ОПОМЕНА

Дисциплинската комисија, по разгледување на наводите во претставката, доставената документација и изјаснувањето на вештото лице, утврди дека вештото лице не постапило во целост согласно законските обврски и правилата на струката, со што сторило повреда на должностите утврдени со Законот за вештачење и подзаконските акти, односно не го испочитувала рокот од 30 дена за дополнување на вештиот наод и мислење определен со решение на судот.

Согласно тежината на утврдената повреда и околностите на случајот, Дисциплинската комисија оцени дека е основано и оправдано да се изрече дисциплинската мерка ЈАВНА ОПОМЕНА.

Оваа јавна опомена се објавува на веб-страницата и на огласната табла во просториите на Комората на вештаци согласно законските и подзаконските прописи.

Претседател на Дисциплинска Комисија:
Д-р Вилијам Велковски

Documents