Информација во врска со почетна обука за стекнување лиценца за вештак
Комората на вештаци на Република Северна Македонија ги известува сите заинтересирани лица, како и лицата кои веќе уредно поднеле пријави за учество на почетна обука за вештак, дека Одлуката за спроведување задолжителна обука за полагање на испит на вештак на Комора на вештаци на РСМ од 17.09.2026г., заведена под архивски број 0202-337/26 се менува во следниот дел:
- Рокот за пријавување се продолжува до 26ти октомври 2026г.
- Обуката ќе се спроведе на 31ви октомври и 1ви ноември 2026 година со физичко присуство (општ задолжителен дел за сите слушатели) и на 6ти, 7ти и 8ми ноември 2026 година со онлајн учество за секоја професионална област одделно.
- Цената на обуката е утврдена со Одлука на УО на Комората на вештаци објавена на веб страницата на Комората.
- Уплата за обуката се врши до 26ти октомври 2026г. на жиро сметка на Комората на вештаци на РСМ со бр.300000005230276 – Комерцијална Банка АД Скопје.