Ве известуваме дека доделувањето на лиценците за вештачење ќе се спроведе на 03.09.2025 (среда), 04.09.2025 (четврток) и 05.09.2025 година (петок) во 12 часот во просториите на Public Room (ул. 50-та Дивизија бр.22).
Доделувањето на лиценците ќе се одвива по области според списокот, кој е даден во прилог кон ова известување. Се замолуваат сите лица да го почитуваат терминот за подигнување на лиценците за вештачење.
1 ГРУПА (03.09.2025г. во 12:00):
- ГЕОДЕЗИЈА
- ГРАДЕЖНИШТВО
- ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
- ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ
- МАШИНСТВО
- ЗЕМЈОДЕЛСТВО
- БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
- ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ и
- СУДСКА МЕДИЦИНА
2 ГРУПА (04.09.2025г. во 12:00)
- ЕКОНОМСКО, ФИНАНСИСКО, МАТЕРИЈАЛНО СМЕДКОВОДСТВЕНО РАБОТЕЊЕ
3 ГРУПА (05.09.2025г. во 12:00)
- ПСИХИЈАТРИЈА И НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА
- ДРУГИ ОБЛАСТИ
- АРХИТЕКТУРА И УРБАНИЗАМ
- СООБРАЌАЈ
- ШУМАРСТВО
- МЕДИЦИНСКИ ОБЛАСТИ
Ова известување се однесува на поднесените барања согласно член 67 од Законот за вештачење (,,Службен весник на РСМ‘‘ бр.154/23), кои што лица поднеле барање во законски пропишаниот рок од една година и во моментот на поднесување имале важечка лиценца, како и по нови поднесени барања за стекнување со лиценци без полагање на испит и поднесени барања со положен испит согласно одредбите од Законот за вештачење (,,Службен весник на РСМ‘‘ бр.154/23).
Сите вештаци кои не извршиле уплата на административна такса за лиценца за вештачење, во износ од 600,00 денари согласно Тарифен број 13, да ја извршат истата најдоцна до 29.08.2025 година и да ги достават уплатниците на следните мејл адреси: mbrindevska@justice.gov.mk и astojkovski@justice.gov.mk.
Податоци за уплата:
Тарифен број 13
Уплата на административна такса, во износ од 600,00 денари, за издавање на лиценца за вештачење, со која лицето отпочнува вршење на дејност.
Назив на примач: Министерство за правда
Банка на примач: НБРМ
Сметка на примач: 1000000000630 95
Износ: 600,00 денари
Сметка на буџетски корисник: 0700 100140 631 12
Приходна шифра: 723011 - 10
Доколку сте спречени да присуствувате на доделувањето на лиценци на горенаведениот датум, подигнувањето може да се изврши во просториите на Министерството за правда, секој работен ден од 10:00 – 12:00 часот.