ЈАВЕН ОГЛАС за учество на континуирана обука

By alfa4 , 3 November, 2025
Njoftim
Комората на вештаци спроведува континуирана обука на 22 и 23 ноември 2025 со физичко присуство во Хотел Континентал.
Комора на вештаци

Комората на вештаци на Република Северна Македонија, во согласност со своите законски надлежности утврдени во Законот за вештачење, спроведува континуирана обука на 22 и 23 ноември 2025 со физичко присуство во Хотел Континентал.<>

Континуираната обука ќе се одржува во групи, распоредот и времетраењето на обуката за секоја група ќе бидат утврдени во соработка со раководителите на професионалните одделенија, по што дополнително ќе бидат објавени на веб-страницата на Комората.<>

Со ова известување, сакаме да го нагласиме значењето и задолжителниот карактер на оваа обука. Според Законот за вештачење, континуираното стручно усовршување претставува законска обврска за секој вештак со цел проширување на теоретските и практичните знаења и вештини за стручно и ефикасно вршење на дејноста.<>

Законот предвидува и конкретни дисциплински мерки за непочитување на оваа важна професионална обврска. Ве известуваме дека согласно Член 25 став 5 од Законот за вештачење  отсуството од обуката повлекува дисциплинска одговорност.<>

Цената на обуката е утврдена со Одлука на УО на Комората на вештаци и истата изнесува 2.500,00 денари.<>

Уплата за обуката се врши до 17 ноември 2025 на жиро сметка на Комората на вештаци на РСМ со бр.300000005230276 – Комерцијална Банка АД Скопје.<>

Со оглед на законската задолжителност и важноста на темите кои ќе бидат обработени, го очекуваме Вашето присуство.