Се известуваат сите пријавени кандидати дека Почетната обука за вештаци од задолжителна област „Вовед во регулативата за вештачење“ ќе се одржи на 18 и 19 април 2026 година во Хотел Континентал.
Обуката е во организација на Комора на вештаци на Република Северна Македонија и има за цел запознавање на кандидатите со законската рамка за вештачење, професионалната етика, организацијата на правосудниот систем, како и практичните аспекти на вештачењето во кривични, прекршочни и граѓански постапки.
Агенда 18.04.2026
- 09:30 – 10:00 Регистрација на учесниците
- 10:00 – 10:15 Поздравно обраќање
- 10:15 – 12:00 „Закон за вештачење“
- 12:15 – 14:00 „Професионална етика и судир на интереси на вештаците“
- 14:00 – 16:00 Пауза за ручек
- 16:00 – 17:30 „Организација на правосудниот систем“
- 17:30 – 19:00 „Кривични дела во врска со вештачењата“
Агенда 19.04.2026
- 10:00 – 13:00 „Вештачење во прекршочни и кривични постапки“
- 13:30 – 15:00 Пауза за ручек
- 15:00 – 18:00 „Вештачење во граѓански судски постапки“
Се замолуваат сите пријавени кандидати навремено да присуствуваат согласно предвидената агенда.