Јавен оглас за учество на почетна обука за стекнување лиценца за вештак

By alfa4 , 21 September, 2026
Njoftim
Почетна обука за стекнување лиценца за вештак
Комора вештаци

1. Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат законските критериуми за стекнување на лиценца за вештак од одредена област (Закон за вештачење, Сл. весник бр.154/23) да се пријават за учество на обука во траење од 60 часа преку пополнување на апликацијата за учество на обука на следниов линк https://komoravestaci.mk/contact/prijava_veshtaci

2. Пријавувањето започнува на 21ви септември 2026г. и завршува на 19ти октомври 2026г.

3. Обуката ќе се спроведе на 24ти и 25ти октомври 2026 година со физичко присуство (општ задолжителен дел за сите слушатели) и на 30ти, 31ви октомври и 1ноември 2026 година со онлајн учество за секоја професионална област одделно.

4. Цената на обуката е утврдена со Одлука на УО на Комората на вештаци објавена на веб страницата на Комората.

5. Уплата за обуката се врши до 19ти октомври 2026 на жиро сметка на Комората на вештаци на РСМ со бр.  300000005230276 – Комерцијална Банка АД Скопје, во износ од 18.000 денари.