Комората во извршувањето на работите од својот делокруг обезбедува унапредување на заштитата, стручноста, етиката, статусот и односот на вештаците кон граѓаните, како и подобрување на квалитетот на вештачењето.
Работите од својот делокруг, Комората ги извршува самостојно и независно, врз основа и во рамките на Уставот, Законот за вештачење, други закони, прописи, подзаконски акти и Статутот на Комората.
Вештаците како членови на Комората ги остваруваат своите интереси непосредно преку професионалните одделенија и посредно преку избрани претставници во Собранието на Комората, како и преку други форми на организирање согласно Статутот на Комората.
Професионалните одделенијата се организациони единици на Комората во чиј состав се вештаците од иста област на вештачење.
- Со Известување од 12.09.2024 година, донесено од страна на министерот за правда, формирани се 16 професионални одделенија и назначени нивни раководители и заменик раководители.
- На 25.09.2024 година, беше одржана седница на Основачкото собрание на Комората на вештаци. На седницата на основачкото собрание беа избрани органите на комората и донесени основачките акти на комората.
На 25.10.2024 година со Решение на Централниот регистар на РСМ е направен упис на Комората на вештаци на РСМ во ЦРСМ.