Работата на Комората на вештаци и на вештаците е регулирана со Законот за вештачење. Овој закон ги дефинира условите за стекнување на звањето вештак, правата и обврските на вештаците, како и надлежностите на Комората.
Со овој закон се уредува вршењето на вештачењето, условите и начинот на вршењето на вештачењето, субјектите што вршат вештачење, условите и постапката за полагање испит за вештак, услови за издавање, престанок или за одземање лиценца за вештачење.
Понатаму награда и надоместок на трошоците за извршеното вештачење, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Комората за вештаци и другите органи на управување, посебна постапка за стекнување со лиценца за вештачење како и други прашања од значење за судските вештачења и супервештачења.
Документи
Закон за вештачење (св.154/23)
(288.72 KB)