ЈАВЕН ОГЛАС
    за учество на почетна обука за стекнување лиценца за вештак
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат законските критериуми за стекнување на лиценца за вештак од одредена област (Закон за вештачење, Сл. весник бр.154/23) да се пријават за учество на обука во траење од 60 часа преку пополнување на апликацијата за учество на обука на следниов линк: https://komoravestaci.mk/contact/prijava_veshtaci
- Пријавувањето започнува на 3ти септември 2025г. и завршува на 1ви октомври 2025г.
 - Обуката ќе се спроведе на 4ти и 5ти октомври 2025 година со физичко присуство (општ задолжителен дел за сите слушатели) и на 17ти,18ти и 19ти октомври 2025 година со онлајн учество за секоја професионална област одделно.
 - Цената на обуката е утврдена со Одлука на УО на Комората на вештаци објавена на веб страницата на Комората.
 - Уплата за обуката се врши до 1  ви октомври 2025 година на жиро сметка на Комората на вештаци на РСМ со бр. 300000005230276 - Комерцијална Банка АД Скопје, во износ од 18.000 денари.
 
Документи