Ги известуваме сите вештаци на кои согласно со Законот за вештачење од 2023 година (Сл.весник на РСМ бр. 08-3789/1) им беа издадени и доделени нови лиценци во месец септември оваа година, дека имаат законска должност еднаш годишно да посетуваат континуирана обука (чл.25 од Законот за вештачење).
Комората на вештаци ќе ја организира и спроведе задолжителната континуирана обука во текот на втората половина на месец ноември 2025 година.
Одлуката за точните датуми на одржување на континуираната обука, темите, начинот и местото нејзиното одржување ќе ја донесе Управниот одбор на Комората и ќе биде објавена на нашата веб страница кон крајот на месец октомври заедно со распоредот и термините за обука за секое професионално одделение,