Известување за организирање на задолжителна континуирана обука за вештаци

By alfa4 , 22 Октомври, 2025
Соопштение
Комората на вештаци на Република Северна Македонија ќе ја организира и спроведе задолжителната континуирана обука за вештаци во текот на месец ноември 2025 година
Комора на вештаци

Ве известуваме, во согласност со Законот за вештачење („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 08-3789/1 од 2023 година), Комората на вештаци на Република Северна Македонија ќе ја организира и спроведе задолжителната континуирана обука за вештаци во текот на месец ноември 2025 година.

Согласно член 25 од Законот за вештачење (,,Службен весник на РСМ", бр.08-3789/1 од 2023 година)

(1)   Континуираната обука претставува постојано стручно усовршување, со цел проширување на теоретските и на практичните знаења и вештини заради стручно и ефикасно вршење на вештачењето.

(2)   Вештакот е должен континуирано стручно да се усовршува, да биде во тек со научните достигнувања и методи во струката и да учествува на советувања, обуки и други форми на едукација во земјата.

(3)   Континуираната обука е задолжителна.

(4)   Вештакот секоја година има обврска да ја посетува обуката за континуирано стручно усовршување, која ја организира и ја спроведува Комората, во соработка со Министерството за правда.

(5)   Непосетувањето на континуираната обука од соодветна област од ставот (4) на овој член, се смета за дисциплински престап во согласност со овој закон.

Комората на вештаци ќе објави дополнително известување со детали за висината на котизацијата, како и точните датуми и местото на одржување на континуираните  обуки.