Комората на вештаци на Република Северна Македонија, во согласност со своите законски надлежности утврдени во Законот за вештачење, спроведува континуирана обука на 22 и 23 ноември 2025 со физичко присуство во Хотел Континентал.<>
Континуираната обука ќе се одржува во групи, распоредот и времетраењето на обуката за секоја група ќе бидат утврдени во соработка со раководителите на професионалните одделенија, по што дополнително ќе бидат објавени на веб-страницата на Комората.<>
Со ова известување, сакаме да го нагласиме значењето и задолжителниот карактер на оваа обука. Според Законот за вештачење, континуираното стручно усовршување претставува законска обврска за секој вештак со цел проширување на теоретските и практичните знаења и вештини за стручно и ефикасно вршење на дејноста.<>
Законот предвидува и конкретни дисциплински мерки за непочитување на оваа важна професионална обврска. Ве известуваме дека согласно Член 25 став 5 од Законот за вештачење отсуството од обуката повлекува дисциплинска одговорност.<>
Цената на обуката е утврдена со Одлука на УО на Комората на вештаци и истата изнесува 2.500,00 денари.<>
Уплата за обуката се врши до 17 ноември 2025 на жиро сметка на Комората на вештаци на РСМ со бр.300000005230276 – Комерцијална Банка АД Скопје.<>
Со оглед на законската задолжителност и важноста на темите кои ќе бидат обработени, го очекуваме Вашето присуство.