Издавање на уверенијата за завршена обука за кандидат за вештак

By alfa4 , 25 Ноември, 2025
Соопштение
Комората на вештаци започнува со издавање на уверенијата за завршена обука за кандидат за вештак во траење од 60 часови
Комора на вештаци

Комората на вештаци започнува со издавање на уверенијата за завршена обука за кандидат за вештак во траење од 60 часови.

Издавањето на уверенијата ќе се врши секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, започнувајќи од 26.11.2025 година.

Уверенијата може да се подигнат во просториите на Комората на следната адреса: Булевар Блаже Конески бр. 3, 1000 Скопје.
При подигање на уверението, задолжително е да се приложи:

  • доказ за извршена уплата,
  • документ за лична идентификација (лична карта).