ЈАВЕН ОГЛАС за учество на почетна обука за стекнување лиценца за вештак

By alfa4 , 2 Март, 2026
Соопштение
Комора вештаци

ЈАВЕН ОГЛАС

за учество на почетна обука за стекнување лиценца за вештак 

1. Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат законските критериуми за стекнување на лиценца за вештак од одредена област (Закон за вештачење, Сл. весник бр.154/23) да се пријават за учество на обука во траење од 60 часа преку пополнување на апликацијата за учество на обука на следниов линк: https://komoravestaci.mk/contact/prijava_veshtaci

2.  Пријавувањето започнува на 2ри март 2026г. и завршува на 31ви март 2026г.

3. Обуката ќе се спроведе на 18ти и 19ти април 2026 година со физичко присуство (општ задолжителен дел за сите слушатели) и на 24ти, 25ти и 26ти април 2026 година со онлајн учество за секоја професионална област одделно.

4. Цената на обуката е утврдена со Одлука на УО на Комората на вештаци објавена на веб страницата на Комората.

5. Уплата за обуката се врши до 31ви март 2026 на жиро сметка на Комората на вештаци на РСМ со бр.300000005230276 – Комерцијална Банка АД Скопје, во износ од 18.000 денари.