Соопштение

By alfa4 , 11 Мај, 2026
Соопштение
Издавање на уверенијата за завршена обука за кандидат за вештак
Комора вештаци
Комората на вештаци започнува со издавање на уверенијата за завршена обука за кандидат за вештак во траење од 60 часови.

Издавањето на уверенијата ќе се врши секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, започнувајќи од 13.05.2026 година.

Уверенијата може да се подигнат во просториите на Комората на следната адреса: Булевар Блаже Конески бр. 3, 1000 Скопје.


При подигање на уверението, задолжително е да се приложи:

  • доказ за извршена уплата,
  • документ за лична идентификација (лична карта).