Јавен оглас за полагање на испит за вештак од соодветна област

By alfa4 , 19 Мај, 2026
Соопштение
Полагање на испит за вештак од соодветна област
Комора вештаци
Министерството за правда ги известува сите заинтересирани кандидати дека во периодот од 8 до 11 јуни 2026 година во просториите на Министерство за правда ќе се одржи испит за вештак од соодветна област.

Сите заинтересирани кандидати за полагање на испитот за вештак од соодветна област се должни да го пријават испитот најдоцна до 22 мај 2026 година.

Кандидатите кон барањето за полагање на испит за вештак, потребно е да ги поднесат и следните докази за исполнетост на условите, и тоа:

  • Уверение од државјанство (не постаро од 6 месеци оригинал или заверено на
    нотар);
  • Уверение за живеалиште од Министерство за внатрешни работи или лична карта
    на увид;
  • Копија од диплома за завршено високо образование од соодветната област (диплома за вашршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според ЕКТС, заверена на нотар);
  • Потврда дека со правосилна одлука не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Потврда за пет години работно искуство по дипломирање во соодветната област (оригинал или заверена на нотар);
  • Уверение за завршена обука од соодветната област на вештачење, организирана од Комората на вештаци во траење од најмалку 60 часа (заверена на нотар);
  • Административна такса од 50 денари на образец ПП 50;
  • Уплатница од 9 000 денари за полагање на испит за вештак од соодветна област:
  • Цел на дознака – за полагање на испит за вештак;
  • Назив на примачот: Министерство за правда;
  • Банка на примачот: Народна банка на РСМ;
  • Уплатница на жиро сметка: 100000000063095;
  • Сметка на буџетски корисник 070010014063112;
  • Приходна шифра и програма 723013 10;
  • Уплатна сметка: 840 Шифра на општина 03161;